Македонија
16. March 2020 - 15:02

Општина Ново Село ги чисти дивите депонии, ќе ги стави и под видео надзор

Општина Ново Село денеска почна со чистење на дивите депонии.

Како што соопшти Општината, чистењето почна во селото Сушица, каде се регистрирани најголем број диви депонии, посочуваат од општината.

Дивите депонии ќе се исчистат, а потоа ќе бидат ставени под видео надзор. Комуналните редари, пак, ќе бидат постојано на терен и ќе вршат контрола надвор од стандардното работно време и за време на викенд.