Општина Македонска Каменица додели 800 новогодишни пакетчиња
Општина Македонска Каменица во соработка со бизнис секторот додели 800 новогодишни пакетчиња за децата од градинката, предучулишното образование, учениците и децата со посебни потреби од Македонска Каменица.
Градоначалникот Дарко Митевски кој денеска организираше новогодишен коктел за децата со посебни потреби на која им ги врачи новогодишните подароци, истакна дека овој чин е уште еден доказ дека општината им обрнува внимание на сите категории граѓани.
- Доделивме новогодишни пакетчиња во основните училишта, во градинката, денеска сме со децата со посебни потреби. Соработката со РОЦ Саса, покажа една добра практика изминативе години и ние оваа практика ја продолжуваме. Пакетчињата ги збогативме и со дел од училишен прибор кој дечињата ќе го користат во текот на нивното образование. Единствената цел е децата да се радуваат на најубавиот ден во годината, а сите го заслужуваат нашето внимание, истакна Митевски.
Тој додаде дека Општината за божиќните празници ќе додели пакети со храна на социјално загрозени семејства, а во соработка со Здружението на пензионеритеќе се доделат и пакети на пензионерите кои живеат сами и имаат ниски примања.
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење