Општина Куманово вработува 34 административни службеници
Општина Куманово распиша конкурс за вработување на неопределено време на 34 административни службеници, од кои согласно балансерот, девет треба да се припадници на албанската етничка заедница, четворица на ромската и останатите од македонска етничка заедница.
Советниците на денешната седница ги усвоија измените и дополнувањата на годишниот план за вработување во општината. Стручните служби веќе ја започнале процедурата.
- Од понеделник ќе видиме уште кои вработувања ќе можеме да ги реализираме, заради тоа што сега до 5. август до распишувањето на локалните избори, ќе може барем општината Куманово да ги задоволи потребите за вршење на основните функции на општината, изјави секретарот на општината, Валентина Алексовска.
Лицата ќе бидат примени на неопределено време, но во моментов не може да се распишат позиции за раководни места, бидејќи заинтересираните треба да положат испит за административно управување.
Во општината има вработено 200 административни службеници. Инаку, ова е трета измена на годишниот план за измена и дополна на годишниот план за вработување.
Ново на Сител
-
ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор
-
Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“
-
ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени
-
Макрон: ЕУ може да умре
-
ИДФ синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија
-
Облачно со повремени врнежи од дожд
-
ФФМ ги одреди казните за последните инциденти во Првата и Втората македонска лига
-
Состојба на патиштата