Општина Куманово одвои 800 илјади денари за заловување кучиња скитници
Во Куманово ќе почне акција за заловување кучиња скитници. Тендерот што го распиша општината е завршен. Кучињата ќе ги заловуваат екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово. За оваа цел општината од буџетот издвои 800 илјади денари без вклучен ДДВ, информираа денеска од Секторот за инспекциски надзор.
- Акцијата за заловување, како и претходните години ќе почне од централното градско подрачје, а понатаму ќе се шири кон периферијата на градот, изјави комуналниот редар од Секторот за инспекциски надзор Гордан Таневски.
Кучињата ќе ги заловуваат стручни екипи од ветеринарниот центар, кој располага со прифатилиште лоцирано во кумановското село Четирце.
- Прифатилиштето ги исполнува сите законски стандарди. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани и се враќаат на локацијата каде што се заловени, изјави Таневски.
Кумановци редовно го информираат Секторот за инспекциски надзор за присусутво на кучиња скитници во одредени делови од градот.
Со претходниот тендер на подрачјето на градот беа заловени околу 300 кучиња скитници.
Ново на Сител
-
За една недела Царината заплени златен накит, лекови, облека и цигари
-
Мицкоски ги презентира владините економски приоритети пред Стопанската комора на Германија
-
Европската Суперлига ќе започне во 2025 година
-
Европските клубови и фудбалери покренаа голем случај против ФИФА
-
Менди покрена тужба против Манчестер Сити, бара 11 милиони фунти
-
Поради компликации со повредата, Алаба може да стави крај на кариерата
-
Погба може да ја продолжи кариерата во САД
-
Станојковски и Николов ја претставуваат Македонија на ЕП во пинг-понг