Општина Кочани ќе аплицира за јапонски грантови во образованието
Јапонија е заинтересирана за продолжување на соработката со општина Кочани, посебно во сферата на образованието што беше започната со грантот за реконструкција на училишната зграда во селото Горни Подлог.
На средбата во општина Кочани, што амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда ја оствари со градоначалникот Николчо Илијев, се разговараше за можностите за добивање нова финансиска поддршка од јапонските фондови.
- За нас е многу прифатлива одлуката на Јапонската амбасада да посредува во добивањето грантови од нивната влада за финансирање проекти во делот на едукацијата, што за нас се покажа како добредојдено и корисно. Во план е повторно да аплицираме со проекти што ќе ја подобрат состојбата во нашите училишта, за што одличен пример е реконструкцијата на објектот во Подлог, рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
За проектот за подобрување на енергетската ефикасност на училиштето Јапонската влада донираше над 70 илјади евра со што беше заменета кровната конструкција, се изработи нова фасада, а училниците добија нови прозорци и врати.
Во рамки на посетата на Кочани, амбасадорката Ханеда присуствуваше и на отворањето на изложбата на јапонска графика „Лебдечки свет“ што попладнево се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени