Општина Кисела Вода отвори ново детско игралиште во населбата Драчево
Општина Кисела Вода пушти во употреба ново детско игралиште во населбата Драчево. Изградено како замок, по најсовремени стандарди, со модерни реквизити кои ја поттикнуваат детската фантазија и креативност, се протега на 180 м2 во Паркот на бранителите.
Составено е од три куќарки, платформи, мостови, лулашки, клацкалки, лизгалки и качувалки, тобогани, поставени на гумена подлога, која е побезбедна за децата, а е полесна и за одржување и чистење, со што се зголемува хигиената.
Комплексот е надополнет со урбана опрема (канти за отпадоци и клупи).Ова детско катче е сместено во срцето на Паркот на бранителите во населбата Драчево, што овозможува децата слободното време да го минуваат во зеленило, подалеку од градскиот метеж, додека нивните родители можат да се релаксираат во непосредна близина.
Проектот е реализиран со средства од буџетот на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати