-->
-->
Општина Кисела Вода гради водоводна мрежа во Три круши
-->
Општина Кисела Вода ја почна втората фаза од изградбата на водоводна мрежа во месноста Три круши, во село Драчево.
Екипите на фирмата „Енергомонт“ работат на поставување на доводен цевковод во должина од 584 метри кој ќе почнува од улицата „Партизански пат“ и ќе завршува во Три круши.
Според проектот изработен од фирмата „Инпума“, водоводната мрежа во самата месност Три круши, изградена од полиетиленски цевки ќе биде со должина од 420 метри.
За реализацијата на втората фаза од водоводот во месноста Три круши, ако дозволат временските услови, треба да заврши до крајот на летото. Општина Кисела Вода од својот буџет издвои 7,5 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци