Македонија
20. August 2019 - 16:32

Општина Карпош и граѓаните се уште на различни страни

Влезот и излезот во населбите Трнодол и Жданец остануваат исти и со новиот ДУП вети градоначалникот на Карпош. Граѓаните да не потпаѓаат на лажни информации кои што  некој  политички сака да ги пласира. Во новиот ДУП нема да има ништо спротивно на желбите на граѓаните а она што првично било предложено е согласно ГУПот за Скопје.

- Апсолутно нема да има ист влез излез .Какви што се такви остануваат. Подеблата на блокови и оној мост што најверојатно ги буни граѓаните е нешто што го преземаме од ГУПот. Давам збор нема да се затвори влезот за трнодол. За делот од населбата трнодол претх раковод донесло измена на ДУПОТ зголемило приземје 2 спрата и поткровје. Тоа право да го добијат и останатите.

Есенва очекува планерската куќа да заврши со корекциите во урбанистичкиот план согласно сугестиите на граѓаните по што ќе организира нова јавна пезентацијана ДУПот. Жителите на Трнодол и Жданец вчера доставија претставка до општината. Најавија дека ќе се обратат и до повисоки инстанци доколку градоначалникот не се откаже од идејата за спорните измени кои на кои укажуваат.