Општина Јегуновце со најголема излезност на гласачи во тетовскиот регион
По осум часа од почетокот на гласањето за локалните избори во тетовскиот регион најголема излезност има во Општина Јегуновце која е најмала локална самоуправа по бројот на избирачи.
Во Општина Јегуновце до 15 часот гласале 26,11 отсто или 2667 од 10.225 граѓани кои имаат право на глас, покажуваат податоците на ОИК Јегуновце. Следува Општина Теарце со 25,15 отсто излезност на граѓаните, при што од 22450 избирачи гласале 5.161 луѓе.
-Од вкупно 85.577 граѓани до 15 часот во Општина Тетово гласале 25,07 проценти од граѓаните или 13.193 жители на градот и селата, инфомираше Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.
Во Брвеница гласале 24,98 отсто од избирачите односно од 15.732 евидентирани жители гласале 3297 граѓани. Од 24.485 жители на Општина Желино гласале 3140 граѓани или 23,03 отсто од запишаните избирачи. Најмалку излезност од 22, 46 отсто има во Општина Боговиње каде од28.307 граѓани гласале 6045 луѓе.
Ново на Сител
-
Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на температурата
-
Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
-
Претрес во Куманово, приведено едно лице
-
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто
-
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
-
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
-
Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови
-
Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот