Општина Гостивар ќе додели финансиска помош за настраданите во автобуската несреќа кај Ласкарци
Членовите на Советот на Општина Гостивар, на последната 12-та седница едногласно ја усвоија одлуката за доделување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници во автобуската несреќа кај скопско Ласкарци. Средствата ќе бидат исплатени од буџетот на општината.
– Оваа помош е во во знак на солидарност кон настраданите во трагичниот настан, кон семејствата на загинатите и на повредените во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово. По 30.000 денари ќе добие семејство на настраданите, а по 15.000 денари ќе добијат повредените, стои во образложението на советниците.
Како гест на благодарност за пружената помош и покажаната хуманост од жителите на селото Ласкарци, општината на месната заедница ќе донира 300.000 денари.
Минатата недела, Советот на Град Скопје, како израз на солидарност, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари
Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот го загубија 15 лица, а над 38 беа повредени.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи