Општина Гевгелија објави конкурс за финансирање проекти од културата и спортот во 2019 година
Општина Гевгелија и во 2019 година финансиски ќе помага реализација на проекти од културата и спортот со што ќе ја продолжи традицијата која трае 12 години, соопштија од службата за информирање.
Од општината посочија дека конкурсот тече од пред два дена и јавно ги повикаа заинтересираните установи, културни и спортски работници, физички лица и поединци кои се заниваат со дејности од културата и спортот да достават апликации на адреса на локалната самоуправа во Гевгелија, најдоцна до 24 декември.
Апликантите, покрај програмките активности кои планираат да ги реализираат, задолжително со документите треба да приложат финансиски извештај за начинот на кој ги потрошиле претходно добиените средства од општинскиот буџет.
Оваа година за проекти од културата и спортот општина Гевгелија издвои 13 милиони денари, а колкава ќе биде сумата за финансирање на овие активности во 2019 година ќе се знае во текот на јануари откако Kомисијата за образование, спорт и култура ќе ги селектира и рангира пристигнатите апликации.
Ново на Сител
-
Парижани на референдум одлучија да добијат 500 нови пешачки улици
-
САД посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот
-
Четири лица повредени во сообраќајка во Кавадарци
-
Променливо облачно и потопло со повремен дожд
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани