Македонија
6. March 2019 - 10:33

Општина Гевгелија ќе ги финансира активностите на НВО и на месните заедници

На јавниот конкурс за финансиска поддршка на активностите на НВО во општина Гевгелија за 2019 година се јавиле повеќе од 20 апликанти, од кои само 15 ќе добијат пари за реализација на своите проекти и активности.

За нивна реализација од општинскиот буџет се предвидени 700.000 денари,претежно за проекти и активности кои придонесуваат за поттикнување на работата на граѓанскиот сектор меѓу кои годинава за првпат со програмата се опфатени и проекти на здруженија на лица со телесен инвалидитет, пчелари и радиоаматери,потврдија од општината.

Општина Гевгелија годинава со 600.000 денари ќе ја поттикнува и активноста на десетината месни заедници кои покрај манифестациите за одбележување на селските панаѓури ќе добијат и средства за техничко опремување на месните канцеларии.