Општина Гевгелија го почнува процесот на раздолжување кон доверителите
Градоначалникот на општина Гевгелија,Сашо Поцков, деновиве ќе оствари средба со претставници на фирмите доверители кои се пријавија на јавниот повик за исплата на побарувањата, со што општината го почнува процесот на раздолжување со финансиската помош што ја доби од владата на Република Македонија, потврдија денеска од општина Гевгелија.
По обавените разговори и во зависност од дисконтот на побаруваната сума што ќе го понудат доверителите,ќе биде направена приоритетна листа за распределба на средства, по која Советот на општината се очекува да се произнесе најдоцна до крајот на јануари.
Од вкупниот наследен долг кој изнесуваше 143 милиони денари, во текот на изминатата година општина Гевгелија успеала да исплати 25 милиони денари или да сервисира околу 20 отсто од наследениот долг од кој за исплата односно целосно раздолжување, останаа уште 118 милиони денари, потврдија од финансиското одделение на општината.
Согласно законското решение за финансиска помош на општините, на општина Гевгелија и се исплатени 61 милиони денари што претставува 51 отсто од доспеаните неплатени долгови на општината заклучно со 30 септември 2018 година.
Ново на Сител
-
Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година
-
Игуменот Георгиј нов митрополит на МПЦ
-
Мицкоски: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении
-
Невладиниот сектор нотира: Најголемиот дел од законите се носат по скратена постапка
-
Сеуште постојат бариери за лицата со телесен инвалидитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука