Општина Центар: Се асфалтираше улицата „Столтенбергова“ пред Градскиот стадион
Општина Центар соопшти дека вчера започнало асфалтирање на улицата „Столтенбергова“ која ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар и која е опфатена во меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар.
Асфалтирањето го работи ЈП „Улици и патишта“ и истото се одвива на потегот пред Градскиот стадион каде беше вградена камена коцка односно калдрма, наведуваат оттаму.
Како што стои во соопштението, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски посочил дека „со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот што калдрма имаше единствено на овој потег“.
Со меѓуопштинска соработка со Градот Скопје претходно во август месец беше реконструирана и улицата „Славејко Арсов“ на Водно каде беше поставен нов асфалт и нови рабници, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Анкета: Граѓаните ги поддржуваат владините мерки
-
Врие од корупција во јавните набавки, покажа истражувањето на ЦГК
-
Тошковски: Има обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, МВР жестоко ќе одговори
-
Рибар извлекол седум тромблонски мини од Вардар
-
Времето сончево но постудено, ќе дува ветер до 70км/ч
-
Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочивме со деструктивна опозиција
-
Граделе бесправно, поднесено обвинение против двајца охриѓани
-
Што не треба да се јаде пред спиење - ова се најштетните закуски