Општина Центар: Отстранета дивоградба на улицата „Самоилова“ на Кале
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во придружба на градежна механизација, денеска на улица „Самоилова“ на Кале отстрани нелегално изграден објект на непознат инвеститор.
Градбата која е отстранета е објект од втора категорија, со димензии 10 на 5,5 метри, изграден од армирано бетонска конструкција, на земјиште сопственост на Република Македонија, соопштија од Општината.
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по член 134, став 1, алинеа 1 и член 137, став 1 од Законот за градење, донесе решение за отстранување на објектот, затоа што инвеститорот не поседува одобрение за градба и останата документација. Инвеститорот, согласно членот 142 од Законот за градење, има три дена за сам да постапи по решението. Откако истиот не постапил, Секторот за инспекциски работи присилно го отстрани објектот.
Од Општината упатуваат апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, како што се посочува, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.
Ново на Сител
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж