Општина Центар ќе донира 100.000 денари во чест на жената-донор Јасмина Василковска
На денешната 65. седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците едногласно ја усвоија Одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи.
– Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на Општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000,00 денари од Буџетот на Општина Центар, а средствата ќе ги донираме на нејзиното семејство, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ
Во рамки на денешната седница, советниците расправаа и за Предлог-одлуки за давање согласности за Годишниот план за вработување на ЈП ПОЦ и за општинските основни училишта, Предлог-одлуки за измени и дополнувања на годишните програми за работа во Општина Центар и за Буџетот за 2021 година, Иницијативата за отпочнување постапка за измена и дополнување на Статутот на Општина Центар, Предлог-одлуки за одобрување парична помош за лекување и разгледување барања и петиции од група граѓани и здруженија и Предлог-одлука за донесување на изменување и дополнување на Блок 15 во ДУП Градска четврт Ј 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред