Македонија
20. September 2022 - 9:52

Општина Битола ќе додели по 3.000 денари за секое дете во прво одделение

– Општина Битола ќе додели еднократна парична помош на семејства за запишување дете во прво одделение во општинските основни училишта во учебната 2022/2023 година.

Семејствата кои имаат запишано дете во прво одделение во учебната 2022/2023 година, согласно одлука на Советот на Општина Битола, еднократната парична помош ќе ја добијат врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до основното училиште каде е запишано детето, со уредно приложена документација со која ќе се потврди запишувањето на првачето во основно училиште на територијата на Општина Битола.

Еднократна парична помош е во износ од 3.000 денари нето износ по дете, на семејства кои запишале дете во прво одделение во Општинските основни училишта, информираа од Општина Битола.