Македонија
21. July 2022 - 17:58

Општина Берово: Апел за мобилизација на населението за побрзо гаснење на големиот пожар над Митрашинци

Општина Берово денеска преку социјалните мрежи упати апел до граѓаните за помош при гаснење на пожарот кој денеска избувна над селото Митрашинци.

„Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелираме до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година“, велат оттаму.