Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 метри квадратни
Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 квадратни метри во Реонски центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП, информираат од општината.
Оттаму истакнуваат дека Шведска претставува најголем билатерален донатор меѓу ЕУ-земјите во нашата држава.
-Во посета на Аеродром вчера беше шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, која заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски направија прошетка низ општината и обиколка на локацијата на која ќе биде поставен овој парк. Градоначалникот Муцунски на амбасадорката ѝ презентираше некои од врвните приоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина, се наведува во соопштението.
Како што потенцираат, предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна биле предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот се пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк
-
Пронајдено 14-годишното девојче по кое се трагаше три дена