Опозициски пратеници го запоседнаа црногорскиот Парламент
Пратениците на црногроската опозициска коалиција Демократски фронт (ДФ), минатата ноќ ја минаа во зградата на Парламентот на Црна Гора, блокирајќи го законодавниот дом во знак на протест поради одлуката на парламентарното мнозинство за одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на Движењето за промени (ПЗП), Небојша Медоевиќ.
Пратениците на коалициајта ДФ, чија членка е и ПЗП на Медоевиќ, се решија на ваквиот потег за да спречат негово апсење. Тие спиеја во просториите на ДФ во Парламентот, како и низ ходниците на зградата со цел да оневозможат евентуален обид на полицијата за приведување на Медоевиќ.
Црногорското Собрание синоќа со 42 гласови „за“ донесе одлука за одземање на пратеничкиот имунитет на Медоевиќ, врз основа на барањето на Специјалното јавно обвинителство кое го товари за перење пари.
Ново на Сител
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот