Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија пребегна во Литванија
Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која го оспорува реизборот на претседателот Александар Лукашенко, побегна во Литванија, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевисијус.
– Пристигна во Литванија и е безбедна, посочи Линкевисијус.
Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.
Демонстрациите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат.
Тихановскаја синоќа не се придружи на протестите, како што наведе, да избегна провокации.
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери
-
Одземени 97 лиценци согласно Законот за градење
-
Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
-
Отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани