Опозицијата во Венецуела бара армијата да се определи меѓу Уставот и претседателот
Лидерот на опозицијата во Венецуела, Енрике Каприљас ја повика армијата да се определи за тоа „дали му е лојална на Уставот на земјата или на претседателот Николас Мадуро“.
Повикот доаѓа по одлукта на венецуелскиот претседател да прогласи вонредна состојба во земјата во следните два месеци, давајќи им на војската и на полицијата овластувања за да се справат со незапирливата економска криза.
Според Каприљас, декретот за вонредна состојба му дава на претседателот овластувања кои се над оние предвидени со Уставот.
Тој ги повика и Венецуелците да не го почитуваат претседателскиот декрет и денеска да излезат на улиците во Каракас и другите градови во земјата.
Во разговор со новинарите, Каприљас рече дека неговиот повик до армијата не значи повик за воен удар, туку трагање по легален и уставен начин за смена на Мадуро од претседателската функција, преку изјаснување на граѓаните на референдум.
Вонредната состојба за наредните 60 дена, може да биде продолжна за уште толку денови, доколку претседателот оцени дека тоа е потребно.
Неколку часови по повикот на опозицискиот лидер, претседателот Мадуро се сретна со странските новинари на кои им рече дека опозицијата „го промашила рокот“ за покренување референдум обвинувајќи ја за „фалсификување на потписи“ во петицијата за референдумското изјаснување.
Опозицијата тврди дека за само две недели успеала да собере 1,85 милиони потписи, што е многу повеќе од пропишаните еден отсто од гласачкото тело во земјата.
Уставот на Венецуела предвидува можност за организирање референдум за тоа дали претседателот на земјата да остане на власт, но доколку на втора петиција се обезбедат потписи од најмалку 20 отсто од гласачите или близу четири милиони потписи.
Владата во Каракас, меѓутоа, вчера соопшти дека нема да има референдум. Претседателот Мадуро обвини дека странски сили, а пред се САД и Шпанија, подготвуваат интервенција од надвор, како и дека домашната буржоазија ја создава економската криза.
Ново на Сител
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО
-
Српскиот премиер го осуди насилството и повика на дијалог
-
Уапсен 34-годишен Македонец, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во Грција
-
Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија
-
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан
-
Приведен 69-годишен возач од Делчево, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта