Македонија
19. February 2020 - 17:11

Опозицијата обвинува за нефер услови, власта тврди дека опозицијата финансира лажни вести

Власта и опозицијата се согласија дека не чека валкана кампања. Техничкиот премиер вчера за ЕУ Обсервер најави тензично предизборие во кое како што вели, сигурен е дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие на граѓаните.

Со него денеска се согласи и потпретседателот на опозицијата. Тој пак вели дека власта го прекршила пржинскиот договор, а масовното вработување во институциите дополнително фрлаат дамка над целиот процес

Николоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ планира да води позитивна кампања која како што вели ќе се фокусира на економијата за да понуди стабилност и релаксација на односите во државата како и воспоставување на функционален систем на владеење на правото.

Власта и денеска повтори дека очекува црна кампања од опозицијата.

Согласно законот, кампањата стартува на 23 март а ќе заврши со изборниот молк, два дена пред гласањето.