Опозицијата денеска треба да се врати во Собранието
Опозицијата предводена од СДСМ, денеска треба да се врати во Собранието на Република Македонија, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза.
Пратениците од СДСМ не учествуваа воопшто во работата на Собранието, откако по завршувањето на парламентарните избори во април лани, претседателот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава изборните резултати.
Според протоколот кон договорот од 2 јуни, што на 15 јули го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието, односно до 15 овој месец треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител се именува преку договор на партиите потписници.
Лидерот на СДСМ Заев вчера изјави дека враќањето во Парламентот е со цел да се донесе законот за специјалниот обвинител до 15 септември.
Питер Ван Хојте, олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, минатата недела изјави дека е постигнат сериозен напредок по сите точки во дијалогот посветен на Изборниот законик. Според него, најтешко е да се мотивираат луѓето постојано да бидат ангажирани во дискусијата, а во разговорите, вели, постигнат е огромен напредок во однос на заемната доверба меѓу политичките партии.
Со договорот од Пржино е предвидено и инаугурација на нова влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање предвремени парламентарни избори.
Во меѓувреме, покрај враќање на опозицијата во Собранието и именување специјален обвинител, со договорот од Пржино се предвидува на 20 октомври година, да бидат именувани нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика по предлог на СДСМ. Во тие министерства истовремено ќе бидат именувани нови дополнителни заменици министри на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Заменици министри, по предлог на СДСМ, пак, ќе бидат именувани во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство, и за информатичко општество и администрација. Тие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.
Ново на Сител
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен