Македонија
19. November 2022 - 16:31

Опозицијата бара одговорност за Онишченко, Ковачевски вели дека е огорчен

Премиерот е огорчен поради пропустот на безбедносните служби кои дадоа зелено светло за македонското државјанство за украинскиот тајкун Олександар Онишченко кој се наоѓа на црната листа на САД.

Загриженост за пропустот во Агенцијата за безбедност изрази и Претседателот Пендаровски и Минситерот за внатрешни Спасовски.

Вчера пред надлежната собраниска комисија директорот на АНБ сведочеше неколку часа. По завршувањето рече дека одговорноста е лоцирана кај еден од службениците кој не направил проверка во НАТО пред да даде дозвола за државјанството. Најави дека по комплетната истрага ќе следат соодветни постапки.

За опозицијата нема дилема дека одговрноста за овој пропуст е кај директорот на Агенцијата, но и кај целата Влада.

Онишченко добил позитивно мислење од четири македонски институции за да стане македонски државјанин, а пасошот му го доделила Владата.