Македонија
26. May 2022 - 16:36

Опозицијата бара интерпелација за Џафери - тој тврди работи по деловник

Собранискиот спикер Талат Џафери се соочува со интерпелација за својата работа. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ бара одговороност од Џафери откако доцна синоќа ги заклучи вратите во собраниската сала.. За ВМРО-ДПМНЕ, постапката била диктаторска и како што велат, Џафери не смеел ниту ден повеќе да го води законодавниот дом.

Според Џафери, заклучувањето на вратите било предвидено со деловникот како постапка за утврдување на бројот на присутни пратеници.

И Од кабинетот на Џафери преку писмено соопштение дополнуваат дека бил почитуван собранискиот деловник.  Велат, целта на обвинувањата на опозицијата била да се создаде хаос во законодавниот дом со методи слични на оние од 27 април.

За однесувањето на Џафери, опозцијата на денешната седница, бараше одговори и од премиерот на државата. Ковачевски вели, не била негова надлежност да воведува ред во Собранието.

Во меѓувреме и Левица понуди да се почне постапка за интерпелација на Џафери откако доцна синоќа тој нареди заклучување на вратите на собраниската сала.

Сликата од внатрешноста на салата, преку снимка ја пренесоа пратениците на опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека интерпелацијата за Џафери ќе ја поднесат од понеделник. Претходно, партијата побара однесувањето на Џафери да се најде и пред комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања откако собранискиот спикер упати пцовки и навредливи зборови за собраниските службеници кратко по завршување на 71та седница.