Опожарени три контејнера во Карпош
Во текот на изминатиот викенд, од страна на непознати сторители беа опожарени три сада наменети за одлагање комунален отпад на улицата Јуриј Гагарин во скопската општина Карпош.
Станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од коишто едниот е сосема уништен и неупотреблив, додека останатите два сада претрпеле значителни оштетувања од пожарот.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокацијата и го заменија комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, додека останатите два контејнера се сервисирани.
ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат сосадовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.
Ново на Сител
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани