Оперската претстава „Риголето“ во МОБ
Оперската претстава „Риголето“ на прославениот Џузепе Верди ќе биде изведена вечер во Македонската опера и балет, во рамки на 44. Мајски оперски вечери.
„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето се базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.
Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Риголето: Карлос Алмагер Вилалобос (Мексико), Џилда ќе ја толкува Зана Абази-Рамадани (Косово), Војводата од Мантова Михаил Михајлов (Бугарија), Спарафучил: Владимир Саздовски, Мадалена: Вишња Радосав (Србија), во главните улоги.
Во останатите улоги ќе настапат: Васко Здравков, Диме Петров, Билјана Јосифов, Кристијан Антовски, Дарко Нешовски, Ана Ројдева-Талевска, Десанка Глигоријевиќ и Невен Силјановски.
Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Марчано.
Ново на Сител
-
Пиво фест ги расвесели иселениците
-
Преглед на вестите од светот
-
„Вреди“ се откажа од рокот - Уставните измени за 6 месеци до формирање на политичка влада во Бугарија
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
ВЛЕН контра ДУИ: Наместо ветинг, со уставен амандман ќе бараат политичка одговорност
-
Запалена колата на близок соработник на градончалничката Aрсовска
-
Охридски рамковен договор
-
Нема одлука за соработка со унгарски „4iG“, условите за операторите се строги