Оперативниот план за намалување на невработеноста годинава ќе отвори околу 9000 работни места
Намалувањето на невработеноста и отворањето можности за нови вработувања е еден од основните приоритети на ВМРО ДПМНЕ. Ова беше истакното на вчерашниот состанок на лидерот на партијата Груевски заедно со ресторните функционери кои ги разгледуваа мерките од оперативниот план за вработувања.
Клучот за отворањето нови работни места не се само странските инвеститори, туку и поддршката на домашните компании
До сега преку мерките и програмите за намалување на невработеноста вработени се речиси 47 илјади лица. Министерот за финансиси вели – заблуда е дека невработеноста се намалува како резултат на отселување, односно намалување на активното население. Бројките го кажуваат спротивното. Активното население бележи пораст за 70 илјади лица споредено со 2006 та
Невработените кои сакаат за започнатат сспствен бизнис , доклоку се здружат до 5 лица можат да добијат доста повелен кредит, со само 1% камата до 21 илјада евра. Истото важи и за младите до 29 години , кои можат да подигнат до 23 илјади евра
Фирмите кои искористиле некоја од претходните мерки, можат да добијат кредит на постоечки објект до 3 илјади евра, доколку вработат 3 лица. Исто така за започнуваење сосптвен бизнис ,држава дава неповратни 3 .000 евра. Само преку оваа мерка до сега се регистрирале над 7,700 фирми кои вработиле речиси 8,000 лица. Инаку, во моментов на пазарот на труд се има т 7,600 слободни работни места
Од овој месец почнуваат огласите за поддршка на микроо и мали бизниси, како и обуката за глуви и слепи лица., а од средината на месецот ќе следи оглас за обука за побарувани занимања на пазарот на труд, како и оглас за грантови за приватни детски градинки и старски домови.
За оваа година оперативниот план опфаќа 28 мерки, преку кои директно се очекува да се вработат 8,700 лица
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар