Македонија
11. July 2015 - 13:27

Опасниот педофил Никола Константидис што побегна од Идризово вратен зад решетки

МВР во текот на вчерашниот ден ја реализираше екстрадицијата на 43-годишниот Никола Константидис од Ресен кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол Скопје, поради негово бегство од  издржување казна затвор  во КПУ „Идиризово“, информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски на ГП „Табановце“.

Претходно, додаде тој биле известени дека лицето по меѓународна потерница  било приведено  во Албанија, по што со албанската полиција, односно со  Интерпол Тирана биле договорени сите детали од екстрадицијата и во текот на вчерашниот ден на ГП „Ќафасан“ околу 14:00 часот Константинидис бил преземен од македонската  полиција и спорведен во КПУ „Идиризово“ за доиздржување на казаната.
 
Како што информираше Котевски, Константинидис е осуден на повеќегодишна казна  затвор поради сторено кривично дело повразно со педофилија, полов напад на дете.