Македонија
20. јуни 2018 - 11:04

Опасен криминалец уапсен на скопскиот аеродром

Вчера во 14.30 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека К.А. (59) од Гостивар се наоѓа на листата со мерка „апси“. 

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници за понатамошна постапка.