оне.Вип официјално стана А1
Телекомуникациската компанија оне.Вип од денеска станува А1 и го претставува новиот бренд на групацијата А1 Телеком Австрија. Компанијата го менува името, логото и изледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративна веб-страница, нови, модерни и софистицирани дигитални алатки. Слоганот е „Секој свој свет“, што за раководството на значи дека со своите корисници ќе прават нов свет.
-Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидфеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигитална ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд, со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесме оваа наша визија да стане реалност, рече на денешното претставување на новиот бренд Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.
Со овој чекор, како што беше посочено на прес-конференцијата, компанијата влегува во едно поголемо семејство, а тоа за корисниците ќе овозможи врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура, која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.
По повод официјалната објава за промена брендот, А1 подготви изненадувања за корисниците.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека