Loading Video...
Балкан
4. December 2021 - 16:33

Омикрон пристигна и во Хрватска

Новиот сој на коронавирусот Омикрон пристигна и  во Хрватска. Станува збор за лице кое пројавило симптоми а поради контат со лице од Јужна Африка се посомневал дека можеби е заразен со новата мутација.

Примерок му бил земен на приватен Институт во Загреб, каде резултатите покажале дека има отстапки од другите варијални на ковид. Со цел да се спречи ширењето на мутацијата,  сите лица кои биле во контат со позитивниот, ќе треба да одат во 14 дневен карантин.

Хрватска не е единствената балканска земја каде е регистриран новиот сој. Пред два дена беше регистриран прв случај и во Грција.

Според податоците на СЗО, мутацијата е присутна во 38 земји.