Оливер Спасовски влегува во претседателската трка
Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е единствен кандидат на општинската организација на СДСМ Куманово за претседател на Македонија, објави Кумановоњус.
-Општинската организација на СДСМ Куманово, како најголема општинска организација во партијата, а воедно и матична општинска организација на Оливер Спасовски, со одлука на извршниот одбор едногласно донесе одлука нашиот партиски другар Оливер Спасовски да биде единствен кандидат за претседател на Република Македонија на престојните претседателски избори. Со ова се надеваме дека ќе успееме да имаме претседател на држава од Куманово – изјави Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Спасовски добил едногласна поддрша и од сопартијците во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, a во Кратово имало 5 кандидати.
Предлозите се доставени до централата, по што во координација на највисокиот партиски врв ќе се разгледаат сите пристигнати предлози, а по одлука на централниот одбор, изборот за кандидат за претседател на Македонија од СДСМ ќе се изврши на партискиот конгрес во недела на 3 март.
Покрај Оливер Спасовски, најсериозни кадидати се и Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Никола Димитров.
Ново на Сител
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија
-
Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал
-
Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка