Спорт плус
18. April 2020 - 11:57

Олимписките игри остануваат под знак прашалник за следната година

Одржувањето на Олимпијадата во Токио закажано за следната година е малку веројатно, освен доколку дотогаш не се открие вакцина против КОВИД-19, предупреди водечкиот научник за јавно здравје, професорот Деви Сридар од Универзитетот во Единбург.

„Ако најдеме вакцина до следната година, Олимпијадата е реална. Вакцината ќе го промени текот на настаните. Но, ако тоа не се случи, се чини дека малку е веројатно дека Игрите во Токио ќе се одржат“, рече професорот Сридар.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат летово, но беа одложени до 2021 година заради глобалната пандемија.