Свет
8. July 2016 - 21:58

Оланд: Русија е наш партнер, а не закана

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска оцени дека НАТО не треба Русија да ја се смета за своја закана, туку за партнер.

- НАТО нема никаква улога во односите меѓу Европа и Русија. За Франција, Русија не претставува ниту противник, ниту закана, изјави Оланд во Варшава, каде учествува на Самитот на НАТО.

Според Оланд, Русија претставува партнер, кој „понекогаш може да употреби сила - како при анексијата на Крим“. - Но, ние тоа го осудивме, истакна Оланд.