-->
-->
Околу 88 илјади бегалци од Германија користеле бесплатен курс за изучување на јазикот
-->
Околу 88 илјади бегалци во Германија досега користеле бесплати курсеви за јазик, овозможени од Федералната агенција за труд, јави ДПА.
- Пријатно сум изненаден од таа голема бројка, изјави Рајмунд Бекер од раководството на Агенцијата.
Тој додаде дека тоа е доказ за високата мотивација на бегалците да научат германски јазик и нивната желба да се интегрираат.
Според податоците на Агенцијата над две третини од бегалците, кои ги посетувале курсевите се Сиријци.
Службата за миграција исто така нуди курсеви за интегрирање во германското општество за мигрантите, чии барања за азил се одобрени, но Агенцијата за труд им нуди такви курсеви на сите мигранти, независно од статусот на барањето за азил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници