ОН: Околу 70.000 лица се опколени во 15 региони во Сирија
Пет агенции на ОН денеска во заедничко соопштение ја повикаа меѓународната заедница да им овозможи достава на хуманитрана помош до цивилите во Сирија кои живеат во опколени региони, нагласувајќи дека светот не смее да остане нем и покрај завршувањето на опсадата на Алепо.
Во заедничкиот апел на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Агенцијата за координација на хуманитарната помош (ОЦХА), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Светската здравствена организација (СЗО) и Светската програма за храна (ВФП) се потенцира дека речиси 70.000 лица, меѓу кои половината деца, живеаат во 15 опколени региони во Сирија.
Петте организации во повикот објавен денеска во Давос, каде почнува Светскиот економски форум, бараат да им се обезбеди „итен, безусловен и сигурен пристап“ за достава на хуманитрана помош на сите сириски семејства на која таа им е неопходна.
- Многумина од нив се соочуваат со недостиг на основите средства за живот и со конинуиран ризик од насилство, се наведува во соопштението.
Минатиот месец по неколкумесечна офанзива, сириските владини сили успеаја да преземат контрола врз источниот дел на Алепо, каде со месеци под опсада беа бунтовнички борци и стотоци илјади цивили. Врз основа на договорот, постигнат со посредство на меѓународната заедница, беше овозможена безбедна евакуација на бунтовниците и неколку десетици илјади цивили до територии под бунтовничка контрола.
- Ужасите на опсадата на источните делови на Алепо како да се изгубија од јавната свест, но ние не смееме да дозволиме потребите, животот и иднината на сирискиот народ да исчезнат од свеста на човештвото. Во 2017 година не смееме да дозволиме да се повторат трагедиите од 2016-та, се исталнува во апелпт на петте агенции на ОН.
Според проценките на повеќе меѓународни организации, во шестогодшната граѓанска војна во Сирија загинале речиси половина милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни