-->
-->
Околу 7.000 пивтии за „Пивтијада 2017“ во Крива Паланка
-->
По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, денеска во Крива Паланка ќе се одржи манифестацијата „Пивтијада 2017“.
Учениците од угостителската паралелка на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ подготвија 7.000 пивтии со 150 килограми месо, колку што обезбеди Општината.
- Заедно со учениците два дена готвевме во народната кујна при Домот за ученици „Боро Менков“. Постапката финишира утрово. За настанот ќе има 90 порции или околу 7.000 парчиња вкусни пивтии, приготвени по традиционален рецепт од ова поднебје, информира професорот Дане Петровски.
„Пивтијада 2017“ ќе се одржи на централниот градски плоштад по одбележувањето на Богојавленскиот водосвет, фрлањето на крстот во водите на Крива Река, а традиционално, осми пат, ја организира локалната самоуправа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат