-->
-->
Околу 450 војници и полицајци ќе ги обезбедуваат болниците низ земјава
-->
Речиси 300 војници и 150 полицајци ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на здравствените установи низ земјава. Ова е предвидено со акцискиот план кој денеска треба да биде усвоен во Владата. По завршувањето на седницата на Главниот штаб на Управувачкиот комитет, директорот на ЦУК Стпјанче Ангелов истакна дека овие бројки не се конечни и дека ќе зависат од побарувањата од Министерството за здравство. Повтори дека војниците само ќе асистираат на полицијата и ќе бидат невооружени на своите позиции. По усвојувањето од Владата, наредбата за ангажирање на војската треба да ја одобри претседателот и врховниот командант на оружените сили Стево Пендаровски.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
-
За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври