Околу 300 припадници на Фронтекс се распоредија во Грција
Вкупно 293 припадници и 15 бродови на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) се распоредија на грчките острови, со цел да и помогнат на Атина во справувањето со приливот на илегални имигранти и бегалци од Турција.
Во соопштението на Фронтекс се наведува дека Мисијата се организра на барање на Грција, со напомена дека со тек на време бројот на нејзините припадници ќе се зголеми на 400, заедно со дополнителна техничка опрема и бродови.
Како што јавуваат грчките медиуми, бројот на свои припадници што ги испрати Фронтекс во Грција во рамки на Мисијата наречена „Посејдон“, е помал од цифрата што ја очекуваа властите во Атина.
Според проценките на Фронтекс, во текот на овој месец на грчките осторви од турска територија пристигнале околу 80.000 имигранти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?