Околу 25.000 мажи во Германија жртви на семејно насилство
Во 2015 година во Германија се регистрирани над 125.000 луѓе кои биле жртви на насилство предизвикано од нивните партнери во брачни или вонбрачни врски.
Од нив, над 100 илјади се жени, а остантите 25.000 мажи, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според извештајот на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која заедно со Сојузното министерство за семејни прашања, ја истражувала оваа појава насилството вклучувало физички напади, убиства, силувања, сексуални напади, закани и вознемирување.
Од женските жртви, 331 биле убиени од нивните партнери, 11.400 биле тешко повредени, над 65.000 минале со помали повреди, околу 16.000 биле предмет на закана, а околу 8.000 жени пријавиле вознемирување.
Кај силувањето и сексуални напади речиси сите случаи се жени како што е случајот и со над 90 насто од случаите на вознемирување.
Германските власти апелираат сите жртви на насилство да се јавуваат на линиите за помош кои што работат 24 часа на ден и нудат советодавни и други услуги на повеќе јазици.
Ново на Сител
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"