Околу 2.000 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди западен Авганистан
Околу 2.000 луѓе загинаа во неколку вчерашни силни земјотреси што го погодија западен Авганистан, изјави денеска портпаролот на владата на талибанците, Абдул Вахид Рајан за Германската новинска агенција (ДПА).
Според него бројот на повредени е многу поголем. Тој додаде дека продолжува потрагата по преживеани продолжи.
Најмалку осум земјотреси со интензитет од 4,6 до 6,3 степени според Рихтеровата скала вчера се регистрирани северозападно од авганистанскиот град Херат, што е во близина на границата со Иран. Земјотресите беа на мала длабочина од околу 10 километри.
Силни земјотреси се чести во регионот каде што се спојуваат арапските, индиските и евроазиските плочи. Во минатогодишниот разорен земјотрес во Авганистан загинаа повеќе од 1.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Вања е киднапирана и убиена, тврдел таткото
-
Голема полициска акција во струмичко
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
По Берлин Мицкоски поголем оптимист за ЕУ интеграцијата, има дилема дали да испраќа писмо во Брисел
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
ДКСК бара комплетно нов или ревидирање на постојниот Изборен законик
-
Филков: Пензија на 67 години за судиите и обвинителите за поефикасно судство