OJO Струмица поднесе обвинение против пет лица за криумчарење на цигари
Струмичкото Обвинителство до Основниот суд Струмица поднесе обвинение против пет лица за криумчарење на цигари, а со обвинението до судот е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети.
- По завршување на истражна постапка и прибирање на материјални и вербални докази во предметот, Основното јавно обвинителство Струмица денеска до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против пет лица за сторено кривично дело Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Заедно со обвинението до Основниот суд Струмица доставен е и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети, со оглед на тоа што јавниот обвинител ценеше дека се исполнети законските услови за нејзино продолжување, се наведива во соопштението од Обвинителството.
Обвинетите се товарат дека на 10 јули 2018 година, како соизвршители, избегнувајќи ја царинската контрола се занимавале со пренесување на непријавени стоки – цигари од значителна вредност.
По претходен меѓусебен договор, двајца од обвинетите во село Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало 32.980 кутии цигари од марката „Калипсо“. Заедно со уште двајца обвинети со возилата се упатиле по полскиот пат кон село Бадилен, продолжиле кон граничниот појас помеѓу Република Македонија и Република Бугарија каде петтиот обвинет кој ги чекал, имал задача да го надгледува теренот за да извести за евентуално присуство на полицијата. При нивното пристигнување во местото Попина Чука, на два километри од границата биле откриени и фатени од полициски службеници.
Ново на Сител
-
САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154
-
Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат