ОЈО: Предадена е севкупната документација за „Пуч“
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
- Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој било предмет што не е во негова надлежност, се вели во соопштението.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потенцира дека со истите докази кои се веќе предадени на Специјалното јавно обвинителство, предходно го застапуваше обвинението во предметот пред судот.
Ново на Сител
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда