Спорт плус
13. August 2016 - 9:52

ОИ 2016: Фелпс конечно поразен, поделени четири медали во една дисциплина

По четирите победи и освоени златни медали Мајкл Фелпс конечно мораше да подаде рака и да признае пораз. Американскиот пливач беше поразен во трката на 100 м. пеперутка од 21-годишниот Џозеф Шолинг од Сингапур. 
 
Шолинг оваа делница ја исплива во време од 50.39 секунди, поставувајќи нов Олимписки рекорд, време кое беше за 75.стотинки побрзо од Фелпс, но и уште двајца пливачи. 
 
Имено. Покрај Американецот со исто време трката ја завршија и Бернард Ле Клос од Јужна Африка и Унгарецот, Ласло Чех, кои како и Фелпс се закитија со сребрениот медал.