Охриѓанка измамена за 300.000 денари
На 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, 53 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари, соопшти МВР. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две недели и ја известило дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари.
Исто така, според пријавеното, лицето од побарало од неа да спушти една мобилна апликација и да има пари на нејзината трансакциска сметка доколку сака да ги подигне парите. Како што е пријавено, таа ја спуштила апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво, а по некое време откако отишла во банка била известена дека парите биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон
-
Сончево со умерена облачност, температури до 20 степени