Охриѓани загрижени пред продолжениот празничен полициски час
Одлуката за воведување целосен полициски час во кризните жаришта зафатени со коронавирусот за продолжениот викенд наиде на реакции кај граѓаните на Охрид на социјалните мрежи, кои стравуваат дека парцијалните одлуки за забрана за движење во Охрид ќе го наполни градот токму со граѓаните од местата каде има најмногу заразени со Ковид-19.
Охрид е меѓу градовите каде на сила викендов е делумен полициски час, односно забраната за движење ќе важи вечерва од 21 часот до 5 наутро, додека во останатите денови на викендот од 16 часот попладне до 5 часот наутро.
Угостителите во Охрид пак сметаат дека тоа ќе биде прва можност после олабавувањето на мерките да ги наполнат своите локали онолку колку што дозволуват протоколите за спречување на ширењето на заразата, но сигурно повеќе отколку во обичните денови кога се релативно слабо посетени. Иако локалите можат да работат до 22 часот, граѓаните на Охрид воглавно се воздржуваат да одат по кафеаните, уште помалку во рестораните. Може да се забележи посетеност на најпопуларните тераси каде се пие кафе, но посетеноста е далеку од вообичаеното за овој период минатите години. Веќе на социјалните мрежи се забележува и зголемен интерес за закуп на апартмани во градот за викендот.
Одговорното однесување на Охриѓани за време на најстрогите мерки за справување со последиците од епидемијата резултираа со релативно мал број инфицирани лица во градот.
Ново на Сител
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар