Македонија
20. April 2024 - 16:42

Охридското Езеро под притисок од пловилата

Зголемениот број на пловила притисок за Охридското Езеро. Научната фела смета дека потребна  е сериозна анализа и катастраски податоци на чамците ,катамараните, глисерите и бродовите колку езерото може да издржи најмногу од билолошки и еколошки аспект.

Неопходна  е одржлива стратегија за поголема заштита како од македонска така и од албанска страна.

Добрите познавачи посочуваат дека активната соработка од македонска и албанска страна, ја дефинира потребата за вложување на заеднички напори и поставување на база за соработка која ќе биде појдовна точка за напредокот на регионот и зачувување на охридското езеро кое е под заштита на УНЕСКО.