Македонија
22. April 2018 - 12:52

Охридското езеро исфрли женски труп, обдукцијата ќе помогне за идентификација

Вчера во 08,50 часот жител на населба Рача во СВР Охрид пријавил дека на брегот од езерото во близина на комплекс „Св. Наум“, пронашол тело на жена во фаза на распаѓање.

Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.